Реновирано е спортското игралиште во ОУ „Климент Охридски“, кое прерасна во современ мултифункционален спортски комплекс. Осветлен е и за ноќни натпревари. Инвестицијата е околу 3 милиони денари од локалната самоуправа. Дел од средствата се употребени за внатрешно уредување. Со спортски хепенинг на стотици ученици се одбележа уредувањето со кое се зближија двете згради во составот на училиштето. Поставен е нов асфалт и се изградени патеки од бекатон плочки.
Се реконструираа и спортската сала, спортскиот кабинет, кабинетот по информатика, наставничката сала и холови на училиштето.
Во ОУ „Климент Охридски” досега се инвестирани повеќе стотици илјади евра од кои дел за училиштето за деца со посебни потреби кое не беше реконструирано од 1924 година каде се направи и соба за децата со аутизам. Се реконструираше и подрачното училиште во Мажучиште.
И ОУ „Кире Гаврилоски – Јане” доби ново игралиште за подобрување на условите за одвивање на воспитно – образовната дејност. На игралиштето може да се игра фудбал, кошарка и ракомет. Средствата ги обезбедени локалната самоуправа.
Во изминативе години училиштето е речиси комплетно реновирано.
Со низа спортски настани во ОУ „Гоце Делчев” се одржа неделата на спортот, одбележувајќи ја подготвеноста во новата учебна година. Комплетирани се сите спортски објекти од балон салата, новото повеќенаменско игралиште за мал фудбал, кошарка, затворена сала ракомет, тениското игралиште… Локалната самоуправа најави доуредување на парк на другата страна од училиштето.