ЛЕД ТЕЛЕВИЗОР, ЗА СТАР МОНИТОР

elektricni-otpad

Старите електрични и електронски апарати носат награди

Прилепчани не само што ќе се ослободат од своите отпадни електрични и електронски апарати, туку и истовремено може да станат потенцијални добитници на вредни награди. Може да добијат ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер. Акцијата на фирмата Елколект до 31 октомври, ќе им овозможи на жителите да учествуваат во наградната игра. Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еко магацинот станува потенцијален добитник на вредна награда. Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се зголемува и можноста за добивање награда.

DSCN3209

– Секој кој ќе донесе електричен и електронски отпад до еко магацинот на Комуналец на ул. “Трајко Николоски” ББ, ќе добие награден купон за учество во наградната игра “ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”. Купонот во кој е впишан реден број и содржи печат од организаторот е составен од два идентични дела. Едниот дел на купонот го задржува учесникот како доказ за учество во наградата игра, а другиот дел од купонот треба да го стави во запечатена кутија од која ќе се врши извлекувањето на среќните добитници – вели Фани Христовска, претставник од Елколект.

Recikliranje i nagradi

За заштита на животната средина поставени се и контејнери за отпадни батерии во сите основни и средни училишта, а во пет основни училишта ќе има акција за собирање на отпадни батерии.

Прилеп е лидер во Македонија, во однос на третирањето и начинот на селектирање на отпадот. Неодама подели уште 3.000 корпи на домаќинствата за селектирање на органски и неоргански отпад. Прв во Македонија спроведе примарна селекција на отпад. Поставени се контејнери за пластика, за органски и неоргански отпад. Се создаде навика кај населението за селекција на отпадот. Тоа поттикна во близина на депонијата да се гради хала во која ќе се селектира и рециклира отпадот.      

ПРИЛЕП ВО ТРЕТИОТ ЦИКЛУС

Фирмата Елколект како компанија со најголем придонес во заштита на животната средина за 2017 година, континуирано ги наградува совесните граѓани кои одговорно се однесуваат со електричниот и електронски отпад, а во прилог на зачувување на животната средина и здравјето на луѓето. По успешните два циклуси на наградната игра “Да рециклираме и да се наградуваме”, во Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија, Богданци, Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце, кои резултираа со создавање и негување на одлични навики и интерес кај граѓаните, плодна соработка со општинските тимови и поддршка од градоначалниците, Елколект, во третиот циклус од наградната игра за собирање на електричен и електронски отпад ги вклучи Охрид, Битола, Прилеп и Дебарца.

Spectra.Media.1

Акцијата завршува со извлекување на наградите на 31 октомври. Подетални информации околу правилата на наградната игра жителите може да добијат и со повик на тел: 02/309 77 66.

Награден фонд:

ЛЕД ТВ, фотоапарат Сони, смарт телефон, Пионир ДВД и тостер Хјундаи.

За секој поединечен апарат, учесникот во наградната игра добива по еден купон. Со донесување на поголем број апарати се добива и соодветен број купони, при што се зголемува можноста за освојување на вредна награда. Одредени видови отпадни електрични и електронски апарти носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, ТВ, електричен и електронски алат, електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт. За доставени пет отпадни сијалици се добива еден награден купон.

Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект www.elkolekt.mk и на веб страната на општина Прилеп www.prilep.gov.mk

Loading