СЈАЕ ОУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

Реализирани проекти – 2008 – 2016 г.

1

Цвета ОУ „Блаже Конески“ од 2008 до 2016 години. Во 2008 г. со поддршка на локалната самоуправа се промени покривиот на училиштето во Варош и се реконструира една училница за 1,8 милиони денари. Една година подоцна, промена доживејаа и подовите во централното училиште за 30 илјади долари.

6

Во 2010 г. се дислоцира котларницата и се смени греењето од тврдо во течно за 2 милиони денари. Пред тоа се сменија плочките на трети кат – ходник – за 300 илјади денари. Реконструкција доживеа и паркот во 2011 г. Заради безбедносните аспекти, училиштето се огради со вложување од 2 милиони денари пред 5 години. И варошкото училиште се дотера со подови ѕидови, фасада, врати и тавани за 1.9 милиони денари пред 4 години.

13

За 450 илјади денари, година подоцна, и таму се инсталира парно греење. Во централното училиште во 2014 г. се реконструираа санитариите за 1,5 милиони денари. Се сменија плочките на втори кат – ходник во 2014 г. за  300 илјади денари.

20245753 814123085429324 3420402845518448424 n

Пред две години се сменија плочките и на првиот кат за 450 илјади денари.

20155685 814122965429336 7494981122316844983 n

ПВЦ дограма се постави за 3,5 милиони денари. Во 2015 г. се обложија ѕидовите со кнауф во ходникот на приземје за 300 илјади денари. И училишниот двор се уреди партерно и со кошаркарско игралиште лани за 1,9 милиони денари. На првиот кат се обложија ѕидови со кнауф за 250 илјади денари лани. Училиштето пред две години доби балон сала во дворот за изведување на наставата по физичко воспитување. Асфалтирана е и патеката од задниот влез на дворот.

4

Идни проекти се обнова на термоизолационата фасада во централното училиште за 5 милиони денари и партерно уредување на дворот за 2 милиони  денари.

Loading