ПОЧИТ ЗА КОМИТИТЕ

Одбележани 110 години од битката на „Ножот

Za prva stranica  dolu

Во организација на македонско патриотското здружение „Патриот“, на 15 јули се одбележа 110 годинишнината од епската и херојска битка на Ножот, која е една од најкрвавите после Илинденското востание. Се одржа и панихида за загинатите херои од битката на 14 јули 1907 година. На Ножот, кај селото Ракле, се положија букети цвеќе. На одбележувањето на една од најкрвавите борба во македонската историја, присуствуваа членови на повеќе патриотски здруженија од градов и државава и на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.

Spomen obelezje na Nozot

Беше изведена и песната “Се зададе темен облак”, посветена на Македонците, кои во борбата против 3000 турски аскери, ја испишаа највеличествената страница на Македонија по Илинденското востание, саможртвувајќи се на каменестиот врв Ножот.

Битката од 1907 година важи за најголема, оти била водена од Четничкиот институт на Македонската револуционерна организација во периодот по Илинденското востание, кога се засилувале бугарските, српските и грчките вооружени пропаганди. На Рилскиот конгрес се  решило да се даде решителен отпор. По должината на Бабуна била четата на Тане Николов, на Михаил Чеков и костурската чета на Христо Цветков. Се концентрирале повеќе од 150 комити за чистење на селата од србоманските шпиони кои македонските чети во Никодин ги предале на турските власти. Покрај одлуката на прилепскиот окружен комитет четите да се повлечат, војводите се подготвиле за отпор на турскиот аскер, кој утрото на 14 јули се насочил кон врвот.

Svezo cveke za heroite

Пристигнале нови турски единици. Загинале 67 комити. По заземањето на Ножот, Турците се изживувале врз загинатите комити, но водачот Енвер бег ги запрел и наредил почесен закоп за храбрите борци. Селаните ги закопале телата на комитите во близина на врвот. Поради каменестата почва и недостатокот на земја, тие ги затрупале со камења. Долго потоа диви животни ги разнесувале деловите од телата на комитите низ околината.

За незабовав на битката на Ножот, локалната самоуправа ќе постави спомен обележје на кружниот тек кај Солидност. 

Loading