Дела од Брамс и Клод Дебиси ќе изведе на пијано Огненка Герасимовска вечерва од 19 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“.
Герасимовска е дипломец и магистрирала на ФМУ во Скопје. Учествувала на многу концерти низ земјава, во Србија, Хрватска, Русија, Франција, Украина… Добитник е на бројни награди и признанија. Издала и ЦД со сонати од Бетовен, Шуман и Прокофјев, под покровителство на Минситерството за култура. Од 2007 е професор по пијано во државното музичко училиште „Илија Николовски – Луј”. Докторант е на ФМУ.