РАЛФ СТАНА РАМПО, А КАТЕРИНА ЈА ЗАМЕНИ КАСАНДРА

krstevanje niz ikoniteИмињата на прилепчани

Македонскиот речник на личните имиња содржи околу 3500 најчесто употребувани имиња. Богатиот избор на стари македонски имиња последниве години се враќа по напливот на странските модерни имиња на артисти или турбо пеачи.

Ако пред две три децении Катерина исчезна и доминираше Касандра, или ако Харалампие го снема и го наследи Ралф, новороденчињата сега се крстат со автентични имиња.

Имињата се жива материја. Доколку се обновуваат, ќе живеат,  инаку ќе изумрат, иако претставуваат културно богатство на еден народ и дел од традицијата. Имињата се црпат од богатиот избор на старите македонски – словенски канонски имиња кои суштествуваат повеќе илјади години.

Штом ќе дојде на свет новиот потомок, родителите и потесната фамилија размислуваат за името на новороденчето. Според адетите, нункото го избира името. Но, модерните кумови сега се консултираат со родителите и ги крштеваат децата според нивните желби. Помладите не дозволуват кумот или некој друг да го избираат името на детето. Не сакаат детето да го носи името на дедото или бабата, било од која страна, зашто тоа е нова личност со свој идентитет.

При изборот на имиња се помасовни се старите, словенски, македонски имиња, својствени за нашето поднебје. Поретко се избираат на други нации.

Модерните имиња стагнираат, но не исчезнуваат како Дино, Марио,Ана-Марија, Ники, Мери, Лео… Повозрасните ги осудуваат младите кои земаат модерни имиња за своите деца. Се толкува дека дел од младите се идентификуваат или им биле идоли некои актери и интерпретатори. Затоа ги ставаат нивните имиња на својата челат.

Младите сметаат дека имињата треба да бидат за 21 век, а не старите Евдокија, Антина, Варвара, Русе, Асен… Тие не треба да се демодирани, оти можат да предизвикаат и комплекс на детето, кој ќе го носи цел живот.

Има убави лични имиња и во старите македонски имиња како Теодора, Марија, Бисера… Тие се богатство на нашиот национален идентитет.

Од МПЦ препорачуваат името да е белег на нацијата. Така се одржува македонската традиција. Во календарот на првославни празници постои речник со близу стотина машки и женски лични имиња… Тоа е брана од поплавата на западни имиња. Црквата не забранува, ако родителите сакаат да го крстат детето Доменик, Роберт или Елизабета.

Исчезна Југослав

Повеќе од илјада словенски имиња се заборавени и се во изумирање, затоа што не се обновуваат и не се ставаат на новороденчињата. На пример, Вишеслав, Дунавка, Десимир, Трендафил, Југослав, Грозда, Калина, Малина Езерка… 

Loading