НОВ МОСТ КАЈ БЕКТЕШОВЦИ

Уште еден премин на градската река

IMG 8490-001

Со поставување на камен темелник, почнаа градежните работи за нов пешачки мост  на градската река. Челичниот премин ќе биде долг 24 метри и ќе биде ставен во функција за две – три недели. Преминот ќе го скуси времето за движењето на граѓаните кон центарот и обратно.

Градоначалникот Марјан Ристески нагласи дека мостот во центарот  го барале жителите од Корзо, Тапани, Чачорица, Рид и централниот дел.

– Пешачкиот мост ќе ја поврзува улицата од музичкото училиште со Врбенско маало. Тој беше предвиден во комуналната програма на локалната самоправа за годинава – рече Ристески.

Фирмата Монтинг инженеринг ја доби изградбата по пат на јавно надавање. Инвестицијата е 1,5 милиони денари обезбедени од буџетот на локалната самоуправа.

Градот ќе добие уште еден нов мост кај Дабнички канал.      

Неодамна реката се премости и кај ОУ „Кире Гаврилоски – Јане”.

IMG 8466

Loading