ХРАМОТ ПРЕД ОСВЕТУВАЊЕ

При крај градбата на црквата Свети Наум Охридски Чудотворец

 MG 2807

Со прережување на славскиот колач и мал водосвет пред црквата посветена на Свети Наум, која уште се гради, се одбележа споменот за еден од најголемите македонски и сеправославни светители. На празнувањето на  споменот за светиот отец Св. Наум Охридски Чудотворец неколку години се собираат прилепчани кај новиот храм да се удостои светителот.

Иницијативниот одбор на црквата истакна дека израдбата треба да заврши за брзо време.

Храмот ќе е светилиште за жителите од населбите Корзо, Чачорица и Тапани. Тој е четврт Божји дом во Прилеп последниве години.  Се изградија црквите Света Петка во Точила, Свети Константин и Елена кај Типските куќи и Свети Пантелејмон во кругот на болницата. 

Loading