МОБИЛНОСТ И ИСКУСТВА

СОУ „Ѓорче Петров“

8 Proektot Emplovet prezentiran pred lokalnata zaednica

Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност одобри нов проект за СОУ „Ѓорче Петров“ насловен како „Practice makes professionals“. Проектот опфаќа две мобилности за ученици и две обуки за професори. Според координаторот, професорката Билјана Рошкоска, цел е учениците во тие активности да ги потврдат веќе стекнатите знаења и практични вештини низ образовниот процес и да стекнат нови, кои по враќањето ќе ги пренесат на соучениците. Професорите ќе ги надополнат професионалните портфолија со нови искуства и методи за наставна работа во Мадрид и Барселона. Мобилностите со ученици ќе се реализираат со по десет ученици од здравствената струка во Шпанија и со десет ученици од струката лични услуги во Бугарија.

Пред бизнис заедницата, локалната заедница, партиципиенти од невладиниот сектор и образованието, претставниците од СОУ ,,Ѓорче Петров‘‘ го презентираа проектот EmploVET кој е дел од клучната акција КА202 – стратешки партнерства во областа на стручното образование. Обуката е поддржан од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.

Овие и другите проекти во кои со поддршка од директорот Дејан Димоски е инволвирано стручното  училиште придонесуваат да се поттикне интересот на учениците да го избираат стручното образование за квалитетно да одговараат на работните предизвици, со што повеќекратна корист ќе имаат самите тие, но и стопанството и државата.

Loading