ВИНОТО ОД АМФОРИ БУДИ ЕМОЦИИ

Охрид, дел од македонскиот вински пат

– Во бутик винаријата Мал Свети Климент може да се дегустираат и купат висококвалитетни вина, произведени од грозје од охридскиот регион.

Angela Vasileska-

Во Охрид нема само вода, сонце, плажа и чист воздух. Во Охрид има и поезија во шише која извира од новите вина на македонската сцена произведени во винаријата Вила Мал Св. Климент, која е првата винарија во Македонија која произведува вино во амфора. Во винаријата, вгнездена во мирот и хармонијата во пазувите на охридското кале, се доживуваа приказна која ги буди сите сетила. Охрид ја доби својата прва бутик винарија Мал Свети Климент, во која може да се дегустираат и купат висококвалитетни вина, произведени од грозје од охридскиот регион.
Budimir Sokolovic Buco

Тука под ведрината на синото небо и синевината на охридското езеро се вишнее така наречената бутик винарија. Парче рај сместен на земјата, имагинација која ја буди љубопитноста, фантазија која се разгорува и топлина која ги исполнува жилите по само испиената прва голтка вино. А магијата се зголемува и со врвно избраната закуска која се сервира и ја следи секоја следна чаша од пијалокот на Боговите.  Новата винарија произведува вина од локални, подзаборавени сорти како охридско црно, регионални како вранецот, зреен во македонски дабови буриња, како и од интернационалните сорти каберне совињон и р’кацители. Магнет и  атракција за посетителите е тоа што во неа се произведува вино од винската сорта памид, кое е виницифицирано во амфори донесени од Грузија. Уникатно розе вино античката од сорта Памид, чие потекло е од Тракијско време, 5 – 4 п.н.е., е традиционално застапена во охридскиот регион. Произведено е според најстарата позната  античка метода, во глинени амфори од 500 л.

– Виното Памид розе се прави во глинени амфори од 500 литри вкопани во земја со автентична метода како што се правело пред  2 000 години. Амфорите се донесени од Грузија и секоја од нив тежи 200 килограми. Вкопани се во земја, само грлото е надвор. Тоа се и првите фрижидери, бидејќи држат константна температура на грозјето од каде потекнува и посебниот квалитет на виното. Ова вино го нареков и временска машина – кажува сопственикот Будимир Соколовиќ.

vinarija mal sv kliment

На винската листа има понуда од 5 сорти црвени, бели и розе вина. Во понудата ги има р’кацители, едно од најстарите живи сорти во светот, памитот произведен по најстарата метода од античко време во амфора, охридското црно, вранецот, како и вранец зреен во македонски дабови барик буриња.

Интернационален вински судија и консултант Ивана Симјаноска има пофалби за вложениот напор на Соколовиќ да ги „воскресне” охридските вина, со цел подзаборавените сорти повторно да бидат присутни. Таа изразува надеж дека тоа ќе поттикне и нови љубители на вината да отворат винарии.

Brusketi za uzivanje so dobro   vino

Со отварањето на винаријата Вила Мал Свети Климент, која нуди вина од грозје кое потекнува од Охридското виногорје, збогатена е туристичката понуда во градот.

Тоскана во Охрид

Винаријата, која е во склоп на вилата Мал Свети Климент, нуди и одлична храна која е дело на врвниот шеф од светска класа Синиша Салатиќ, кој приготвува извонредни специјалитети. Се приготвуваат тестенини, салати, брускети со свежи зачини.

Тука е уникатен вкусот на пестото, на семфот од смокви, мирисот на босилекот, оригиналното доматно пире. Или пак превкусните њоки кои се сервирани во топла чинија. Небаре специјалитетите на Италија донесени на дланка, а со вкусот и мирисот води во Тоскана.   

So gotvacot Sinisa Salatic

– Посебно ми е драго што го имаме врвниот мајстор на кујната кој приредува уникатни доживувања. Понудата наиде на огромно задоволство и изненадување од квалитетот од спарувањето на храната и виното. Посетителите се воодушевени од понудата на храна во оваа бутик винарија со ограничено производство и сите вина кои се дегустираат и продаваат – напоменува Соколовиќ.

Viknski prezentacii i   degustacii

ВИНОТО Е ПОЕЗИЈА ВО ШИШЕ

Според стручните лица, отворањето на винаријата е една успешна приказна во чија насока треба да се развива туризмот во Охрид, а охридските вина треба неизоставно да се дел од понудата во угостителските објекти.

– Виното е поезија во шише. Ние сме тие кои треба успешно да го презентираме виното, бидејќи само успешниот гастрономски работник кој добро го познава виното и знае на каков начин е произведено може успешно да го презентира. Многу е важно да ги цениме нашите вина. Постојано велам дека нашите ресторани немаат никаков акцент ставено на нашите домашни вина кои секогаш треба да постојат во винската карта – вели проф.д-р Ангела Крстаноска Василеска од Факултетот за туризам и угостителство.

Loading