ДЕЦА ПО СТАПКИТЕ НА СТАНОЈОСКИ

Шах

Државното првенство за деца до 12 години ги покажа плодовите од повеќегодишната работа на Школата од велемајсторот Звонко Станојоски, под покровителство на ШК Алкалоид. Меѓу 18 учесника од земјава, најдобрите двајца се прилепчани. Шампион стана Иван Цапески, а вицешампион е Матеј Ѕвездакоски. Двајцата беа сосема рамноправни, освоија по 7,5 поена и немаше да биде незаслужено, ако редоследот беше обратен. Меѓусебениот дуел заврши со реми, а победник е Цапески благодарение на подобриот ,,бухолц” дури по трет критериум. Тој ги совлада сите.

Уште двајца прилепчани беа солидни: 12 место Никола Бонески, 13 – Александар Николоски.

Loading