ЈОВАНОСКА ПОБЕГНА СО 11 КРУГА

Стрелаштво

На Државното првенство со возушна пушка – национална програма за пионери и младинци вио Скопје успешно се претставија членовите на клубот Стрелец. Особено се истакна пионерката Ирина Јованоска, убедливо прва со 175 круга, дури 11 повеќе од второпласираната. Остварен е хет-трик, трета титула по ред. Екипно заедно со Ивона Бундоска и Теодора Талеска освоено е второто место. Кај пионерите Лазар Лазарески е трет со 178 круга, еден помалку од првиот. Екипно заедно со Стефан Трајчески и Мартин Димитриоски го зедоа пехарот за првото место. И младинците не се подолу – прво место освои Антонио Николоски со 347 круга, а Викторија Тренчевска е втора со 332. Според изјавите на селекторот Јордан Тасевски и претседателот на МССФ, Владимир Пандовски, клубот Стрелец е најуспешниот на првенството.

Исплатлив е трудот на клупскиот претседател Гоце Ѓорѓиоски и на тренерот Славчо Трајкоски.

Loading