В САБОТА Е ПРОЗИВКАТА

Фудбал

Измина летниот одмор за фудбалерите на Победа и веќе утре (сабота, 16 ч.) е првиот собир на стадионот ,,Гоце Делчев”. По прозивката Стручниот штаб, предводен од тренерот Зоран Штерјовски, ќе го изнесе планот за подготовките. Тренинзите, покрај во градов, можно е да се реализираат и во странство. Се очекува присуство на сите првотимци кои минатата сезона го носеа црвено – белиот дрес и се изборија за директен опстанок во Првата лига. Ниеден не побарал исписница. Се очекуваат нови играчи за засилување на конкуренцијата, а со тоа и квалитетот на тимот. Најавени се засилувања во одбраната, средината и нападот.

Има време за промени во екипата, со оглед на тоа што преодниот рок штотуку почна, пред осум дена, а ќе трае до 31 август.

Loading