ОД ОГНОТ ПАК СЕ ДИГНА ВЕНЕЦИЈА МЕБЕЛ

Na crkovnata ceremonija celo semejstvo Madzoski

Пожарот што го зафати огромниот салон за мебел Венеција со репутација од дваесетина години, поставена од познатиот фудбалски судија Трајче Маџоски, неодамна во креација на неговиот наследник, синот Ѕвонко со семејството, доживеа ребрендирање по огнената стихија. Како феникс, од пепелта излета да го одржи континуитетот. Но, во нов стил, нов амбиент, нов декор, но и со нова раскошна палета на мебел со прави линии, или стока за сечиј џеб, главно од увоз од Турција, Полска, Србија, Б и Х, и нашите Треска, Интерекспорт, Флорида мебел и привлечни цени и услови.

Во традиционална атмосфера, со свештенички благослов и сечење на погача и вино за здравје, семејството на Ѕвонко Маџоски го врати сјајот на салонот, но овојпат уште поблескав. 

– Во секое лошо, има добро. Несреќата ми даде нова сила, ме охрабри  искушението и блесне пак Мебел Венеција на 1650 м2. За 45 дена со по 12 часовно работење, се санираа последиците од пламените јазици и објектот лсна во полн сјај. Салонот доживеа комплетно реновирање. Збогатен е асортиманот со естетски модерни, функционални и комфорни форми на мебел кои им паѓаат в очи и ги оставаат без здив, особено младите брачни двојки. Сепак е тесен бидејќи е изложена само 20 отсто од понудата. Остатокот може да се види и да се купи преку каталот, да се одредуваат димензии и други адаптации според желбите и вкусот, и според просторот. Можно е да се скусуваат, да се додаваат, да се порачуваат според обемот со одземени рабови и да се прилагодуваат соодветно на големината на станот. Главно последниве години домовите се опремуваат постепено, по едно до две парчиња, а поретко комлетно, поради опаднатиот животен стандард – вели Ѕвонко. 

Proslavata za obnovuvanjeto podelena so  prijatelite

Објаснува дека и условите за опремување или обновување на домот се погодни. Целата палета може да се купи со одложено плаќање, со кредитни картички без камати и поволни кредити од банките. Фирмата Мебел Венеција останува верна на практиката да обезбедува транспорт и монтажа на купениот мебел, на трпезариски маси, столици, спални, дневни, седечки аголни и обични гарнитури со тросед, двосед, фотелја и масичка, канцелариски мебел… по поволни цени, а во летните месеци и со посебни попусти, кои годинава ќе траат до крајот на август. Оние што не се во можност да го посетат салонот наскоро ќе можат да набавуваат и он-лајн и преку ФБ страницата.

Маџоски најавува дека за скоро време со сопругата Ирена ќе го предадат менаџирањето на фирмата на младите, на Дарија, Матилда, Марко а тие, од заднина, ќе помагаат со совети и искуство. Со сопругата Ирена ќе логистицираат на помладите полесно да ги отвораат вратите во бизнисот и постабилно да пливаат, да се одржуваат и да се развиваат во нашиот економски простор.  

Loading