ЗАЕДНИЧКА ПРЕТСТАВА – „НИЕ – ВРАПЧИЊАТА“ НА ДАФ

2. Vrapcinjatagostuvaa vo Kocani

Ученици од ОУ „Климент Охридски“ и „Добре Јовановски“, како и од ОУ „Лирија“ од Житоше со театарската претстава „Ние – Врапчињата“ учествуваа на 53-то издание на Драмскиат аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани. Театарската група „Заедно можеме подобро” ја сочинуваат 23 ученици од три училишта. Текстот е на Јордан Радичков, преводот и адаптацијата на Јулијана Талеска, која се јавува и во улога на режисер, заедно со Аднан Мехмети и Ирмела Папиќ.

– Бев восхитена од првото читање на романот „Ние – Врапчињата”. Еве го Балканскиот Егзипери – си реков. И посакав да ја поставам на сцена. Животниот сон ми се оствари со проектот „Поддршка на процесот на интегрирано образование во училиштата”. Сонот беше уште поубав, бидејќи рамо до рамо стоеја колегите Аднан Мехмети, Ирмела Папиќ, Јусуф Синани, Моника Богданоска, Дарко Јовески и Панде Магдеска – Николоска – вели Јулијана Талеска.

На претставата работеле макотрпно повеќе месеци. 

Loading