САМО ВО ТЕКОСОЛАР КАЈ БАЊАТА 24 ЧАСА ТОПЛА ВОДА БЕЗ ПАРИ

-Обезбеден сервис нон-стоп и бакшиш полиса

-Соларен систем на 36 рати

Na dlanka na idnite i poranesnite korisnici na Tekosolar

Од денес фирмата на Роберт Митрески  која ги инсталира најдобрите соларни системи ТЕКОСОЛАР заедно со австриската осигурителна компанија Уника во истата цена со секој колектор подарува гратис домаќинско осигурување една година за заштита од поплави, пожар, земјотрес и провална кражба. Фирмата на Митрески спроти бањата, итајќи низ бизнис водите, открила дека се решава главоболката со високите сметки за струја со експлоатација на сонцето. Кога соларните колектори почнале “да се трошат како алва”, а интересот на муштериите растел, се наметнала потребата за изложбен салон. Уредил посебен простор, каде на лагер, објаснувајќи им како функционираат, се нудат предностите и заштедите од користењето на сончевите зраци.

– Електричната енергија е скапа, а домашните бојлери создаваат дебелите сметки. Соларните колектори, ем штедат, ем обезбедува комфор со бесплатна топла вода цела година. Почетниот влог што ги “плаши” многумина, се враќа за помалку од една година. Минимум 1000, 1500 денари се намалува сметката. Соларното овозможува одржување на хигиената за бадијала, оти колекторот ја граба сончевата енергија во секое време и за секакви потреби. Нема зима со соларните системи, оти има доволно топла вода и нема сонце. Ако е облачно, водата се дозагрева со економичен грејач. Ефикасни се и на најмал зрак сонце – кажува Митрески.

Во Текосолар има сé на едно место. Системите се со  бојлери од 100 до 300 литри по највисок квалитет. Најниска цена за инсталација и сервис нон-стоп, без трчање по мајстори. Дури можат да се набавата на 36 рати. Се прави документација за субвенции од Владата. Искусни монтажери, брзо и ефикасно, за неколку часа, колекторот ќе го стават во функција и ќе протече топла вода во славината за џабе.

{AG}454/solar{/AG}

– Квалитетот е проверен. Теко солар системите се со потврден  квалитет. Комплетно се изработени од инокс материјал. Не ги гризе корозија и се издржливи на секакви надворешни влијанија. Цевките се вакумски и не мрзнат. Зиме се ефикасни до минус 30 степени. Електрониката е по германска лиценца. Гаранцијата е една година, а на бојлерот седум години – додава Митрески.

Користејќи го искуството, Митрески нуди најповолни решенија во согласност со потребите. Не познава граници во инсталацијата. Го бидува за секој покрив, на било кој објект, дури и на колективен станбен објект без разлика на кат.         

– Стојам на располагање за сите нејаснотии околу користењето. Објаснувам детално за да се отстранат дилемите и стравувањата. Со фотографии демонстрирам како сето тоа изгледа. Ако муштеријата живее во стан, системот може да се спроведува по вентилацијата, без копање и оштетување на плочките – кажува младиот Митрески.

Преку Текосолар штедат прилепчани, битолчани, кавадарчани, велешани и жителите на околните села.

Митрески негува надеж за проширување и зголемување на бројот на вработените. Се стреми да го збогати и асортиманот на соларна опрема во поголем продажен објект. Неговата фирма е единствен застапник за Прилеп и Битола со ново отворен изложбен салон во новиот пазар кај Веро.

Текосолар во цела Македонија ангажира над 450 монтери и 82 дистрибутери. Веќе го има и во Србија со тенденција на експанзија. 

Loading