ШЕСТ МЕДАЛИ ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ

СОУ Гимназија “Мирче Ацев”

2. Nagradi za gimnazijalcite za mladi istrazuvaci

Шест медали освоија гимназијалците на 53-от Државен натпревар на младите истражувачи – Наука на млади во Куманово. Учествуваа 200 ученици од средните  училишта од Македонија, а учениците од Гимназијата „Мирче Ацев” постигнаа врвни резултати. Искра Белческа, II-7 клас освои прво место закитувајќи се со златен медатл, а сребрен медал доби Ивана Дукоска, II-3 клас. И двете се натпреваруваа во областа на аналитичката хемија, а нивни ментор беше професорката Христина Манческа.

Гимназијалците освоија злато и во компјутерско  програмирање. Бранислав  Попоски, I – 4 клас, освои  прво место, ментор проф. Анета  Стојческа. Во областа веб дизајн, Димитар Милески, IV-8 клас, стекна сребрен медал, а Ангела Милошеска, II-6 клас, пак зеде бронзен медал, и двајцата под менторство на проф. Анкица Стеваноска Јанческа.

Симона Димеска, III-5 клас го освои второто место и сребрен медал во  областа на физиката со менторот проф. Кире Јосифоски. 

Loading