ПРОЕКТЕН СОСТАНОК ВО ИТАЛИЈА

СОУ “Орде Чопела”

6. Poseta na Italija - ucenicite od   SOU Orde Copela

“Расплети го минатото, за да ја исткаеш иднината” беше насловен вториот проектен состанок од Еразмус+ проектот К219 акција, на СОУ “Орде Чопела” реализиран во Италија,  во средното училиште “Галилео Галилеј” во градот Јеси, во близина на Анкона. Учесниците стекнаа нови знаења заедно со учениците од Чешка, Шпанија и домаќините. Беа реализирани “Игри за кршење на мразот”, “Лов на богатство” ,запознавање на културните знаменитости, посета на пештери, музеј, театар. Имаа и практична работа – ткаење на разбој, во хемиските лаботратории и кабинетот по биологија испитуваа хемиски и физички својства на текстилните влакна како што се памукот, волната, најлонот итн…

Учествуваа професорите Каролина Дамјаноска (координатор на проектот), Славица Петровска, Рената Ристоска, Роза Николоска и учениците Димитар Стојчески – геодетски техничар, Ангела Јакимоска – техничар за хортикултура, Љубица Димкоска – техничар нутриционист и ветеринарните техничари Христијан Дурљанов, Валентин Илиоски и Ангела Петровска – техничар по очна оптика. Учениците зедоа голем број награди.

Во ноември СОУ “Орде Чопела” ќе биде домаќин на своите партнер училишта од Чешка, Италија и Шпанија кои ќе се запознаат со големото културно наследство на Македонија од областа на текстилната индустрија и да научат заедно за паметните материјали и екологијата.

Loading