НИЖАТ МЕЃУНАРОДНИ НАГРАДИ

ОУ “Кочо Рацин”

4. Nagradi za ucenicite od OU Koco   Racin

Петоодделенката Меланија Спиркоска од ОУ “Кочо Рацин” под менторство на наставничката Пеша Крстеска и деветоодделенецот Димитар Паскоски со менторот по македонски јазик Јасмина Димитриеска учествуваа во финалето на Меѓународниот фестивал на детска поезија “Дечје Царство” во Бања Луја, БиХ. Личните творби на двајцата ученици беа избрани во конкуренција на 5500 лични творби на ученици од целиот Балкан. Паскоски со личната творба “Кафенокосата” го освои првото место во постарата категорија. Личните творби објавени се во “Зборник”, издаден од организаторите на фестивалот. Наставничките истакнуваат дека е гордост да се биде ментор на талентирани ученици како и дека е задоволство да се соработува. Редењето успеси не завршува тука. Под менторство на наставничката Јасмина Димитриеска, ученичката во деветто одделение Нина Насеска го освои второто место на регионалниот натпревар по македонски јазик и литература.

ОУ “Кочо Рацин” е домаќин на претстојниот државен натпревар по македонски јазик кој ќе се одржи утре и на кој ќе се напреваруваат ученици од цела Македонија. 

Loading