ДРЖАВЕН ПРВАК ПО ФИЗИКА

ОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

2. Prv po fizika - OU Goce Delcev

Марко Танески од ОУ “Гоце Делчев” е државен првак по физика за осмо одделение. На 41-от републички натпрева во Охрид, Марко се качи на пиедесталот, закитувајќи се со првата награда во конкуренција со своите врсници. Тој го потврди резултатот од општинскиот натпревар по физика каде имаше 100 бода, а и на 50 – тиот Регионален натпревар каде го освои повторно првото место.

– Тој е скромно, воспитано и многу извршително дете. Од шесто одделение има прекрасни резултати на натпреварите по математика и информатика. Оваа година почна да ја изучува физиката со што се отвори простор за новата област – вели наставничката Соња Димовска.

Таа беше наставникот кој постојано работеше со него, му даваше насоки, го бодреше за заедно да ја постигнат посакуваната цел.

Loading