ВИТАЛНИТЕ ПОБЕДУВААТ

ИЗБОР НА БИЗНИС НА ГОДИНАТА ЗА 2016

CIMG2358

Три фирми се закитија со лаври во категоријата на мали и средни претпријатија на осмата овојпат скромна манифестација Избор на бизнис на годината за 2016 во организација на неделникот Зенит, а во соработка со Регионалната стопанска комора. Меѓу десетиците претставени микро, мали и средни претпријати на страниците на Зенит за традиционалната манифестација, признанија добијаа фирмата, Виком инженеринг од областа на градежништвото, Викели од трговијата и издаваштвото и Владо компани во доменот на прометот со бела техника.

Зошто токму овие претпријатија кои ангажираат над 10 до 50 вработени.

{AG}452/biznis{/AG}

Виком инженеринг повеќе од 20 години постепено и внимателно напредува во областа на нискоградбата. Фирмата, чиј сопственик е секогаш подвижниот Сашо Стојчески, е деловен партнер на поголемите прилепски компании за изведување на градежни зафати. Соработува и со инвеститори на индивидуални станбени објекти, но и со помали фирми за изведба на индустриски објекти. Владо компани е трговска фирма која шест – седум години им парира на големите трговски џинови во доменот на трговијата со бела техника. Иако е мала фирма, успешно се носи со конкуренцијата. Двајцата партнери, Владо Глигороски и Ице Ѓорески, не потклекнуваат под притисокот на моќните претпријатија, туку со широкиот асортиман, со поволните цени и плаќањата на рати на белата техника, а од неодамна и со понуда и на ситни домашни машини за градини и мајстори, ги привлекуваат потрошувачите и меѓу силните компании да одлучат да ја изберат прилепската фирма. Не станува збор за некаков економски локал патриотизам, туку за стекнување на доверба. Муштериите ги препознале предностите на Владо компани и станале соработници поради економски причини. Викели е прилепската фирма која тргна во бизнис водите со печатење. Низ 25 годишниот растеж, се вивна и во доменот на продукцијата на сувенири, потоа рекламни материјали, постери, издаваштво, продажба книги, стручна литература и белетристика и канцелариски материјали. Сопственикот, Кире Ристески, последниве години храбро се втурна во недоволно ,,истражената,, дејноста на производството на уникатни признанија, медали, пехари и други видови награди за различни манифестации. Креациите се уникатни и импресивни и предизвикуваат внимание на организаторите на спортски, музички, културни и други собири.

Прилепското стопанаство покажува жилавост во сложениот економски амбиент. Локалниот неделник Зенит е поддршка на стопанствениците. Ги куражи и бодри, им дава уште некоја капка кислород за креирање не само на сопствениот развој, туку и на локалната економија. Затоа продолжуваме со рубриката Бизнис и организирање на манифестацијата во интерес на бизнис секторот.

Loading