Музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“
Со положување на цвеќе на Паркот на револуцијата, учениците од музичкото училиште го одбележаа патрониот празник, 75 годишнината од смртта на македонскиот револуционер. Ордан Михајлоски, кој бил талентиран музичар и образован виолинист. Позната е и по создавањето на песната и химната на партизанското движење во Македонија „А бре, Македонче”. Ученици изведоа и пригодна програма.
Годишниот концерт ќе се одржи на 25 мај во Центарот за култура „Марко Цепенков” на кој ќе настапат 20 ученици кои добиле награда на државни и меѓународни натпревари.