ДОМАЌИНИ НА НАТПРЕВАРОТ ПО НАРОДНА ТЕХНИКА

ОУ Блаже Конески

Dobri domakini na Narodna tehnika - OU Blaze Koneski

ОУ „Блаже Конески“ беше домаќин на 54-тиот државен натпревар по Народна Техника. Учествуваа повеќе од 900 ученици од основните училишта од Македонија кои освоиле први места на регионалните натпревари. Се биеа битки во дисциплините агротехника, автоматика, астрономија, астронаутика, бродомоделарство, воздухопловно моделарство, градежништво и архитектура, екологија, електроника, конструкторство, метеорологија, кино и видео техника, компјутерска техника, применета биологија, географија, математика, физика, хемија, потоа радио техника, ракетно моделарство, роботика, сообраќајно моделарство и фото техника. Учениците имаа повеќе од сто ментори. Добиените дипломи се вреднуваат за добивање на стипендии. Присуствуваше и амбасадорот на Словенија, Милан Јазбец.

Loading