ТРИУМФ ВО ПРОБИШТИП

ОУ „Кочо Рацин

Prvi i vo Probistip - ucenicite od OU Koco Racin

И на Пробиштипскиот маскенбал, учениците од ОУ „Кочо Рацин“ го освоија првото место. Откако го грабнаа првото место на домашен терен, на меѓународниот карневал Прочка 2017, во категоријата театрална маска, го воодушевија и жирито во Пробиштип. Со маската “Древен Египет” учениците  од IV i V одд. се искачија на тронот. На карневалот во Пробиштип, по повод 1-ви Април, Денот на шегата, учествуваа на осмиот маскенбал под мотото „Пробиштип со маски”, под менторство на наставничките Каролина Тренеска, Зоре Ангелеска, Јулијана Тренкоска и Митра Ѓорѓијоска. Се натпреваруваа во категоријата гостинска маска. Беа дел и од дефилето со групната маска. 

Loading