РЕЦИКЛИРАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ

СОУ „Ристе Ристески – Ричко

Ekoloshka akcija po petti pat  - SOU R R Ricko

Во организација на учениците од графичката струка при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, ЈКП „Комуналец“, Општина Прилеп и Ротаракт клубот во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ петтипат ја одржаа манифестацијата „Рециклирам, значи постојам“. Со еколошката акција се собира стара и непотребна хартија која потоа се носи за рециклирање.

– Сакаме да придонесеме во зачувувањето на животната средина, да ја разбудиме свеста кај граѓаните, рециклирањето да го практикуваат секојдневно и да го одбележиме 22 април денот на Планетата Земја, кој претставува голем глобален еколошки настан. Светскиот ден на Планетата Земја, кој на мапата на големи настани, е воспоставен од Генералното собрание на УНЕСКО во 1969 година и се одбележува во 192 земји.

– Акцијата почна на 13 април и ќе трае до 22 април. Се спроведува во  основните и средните училишта, во сите јавни установи, приватни претпријатија и сите добронамерници кои ја разбираат тежината на слоганоѕ „Рециклирам значи постојам“ – објаснува Александар Костадиноски, проф. во СОУ „Р.Р. Ричко“.

За хартијата ЈКП „Комуналец“ обезбеди специјални контејнери со сина боја. Тргнувајќи од еден од постулатите на ротаријанството, служење на заедницата и Ротаракт клубот Прилеп од почетокот се вклучи во организацијата на еколошкиот настан, насочен на подигање на свеста на граѓаните и подобрување на условите за живот.

Loading