ПРВАТА ЉУБОВ КОН МУЗИКАТА

ОУ „Кире Гаврилоски

Vo poseta na muzickoto uciliste - ucenicite od OU Kire Gavriloski - Jane

Првоодделенците од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ и нивната наставничка Даниела Наумоска го посетија музичкото училиште. Се запознаа како се произведува звукот во музичките инструменти. При престојот, на најмалите им беа презентирани различните инструменти. Посетата, за некои ученици, е можеби и првата љубов кон музиката. Некои ја имаа првата средба со различни инструменти – клавирот, виолината, флејтата, гитарата, трубата, хармониката, кларинетот, саксафонот и некои од народните инструменти… Уживаа и во соло пеењето од постарите ученици. Покажаа зголемен интерес и љубов за музиката која се негува кај учениците од најмали нозе и се развива.  

Активностите, наградите и настапите на домашната и меѓународната сцена, дополнително го привлекуваат вниманието на учениците од основните училишта. Комплетно е реновирано основното музичко училиште, а учениците се воодушевуваа на училницата по солфеж со фото тапети, со весели слики кои беа инспирација да посакаат да ги откриваат тајните на инструментите.

Loading