НОЌ СО АНДЕРСЕН

Во ОУ „Климент Охридски

Citaa i raskazuvaa bajki - OU Kliment Ohridski

Најубавите детски приказни „Палешка“, „Славејот“, „Грдото пајче“, „Царевата нова облека“ и „Јовче будалчето“ учениците од ОУ „Климент Охридски“ ги оживеаја и ги преточија во куклени претстави или драматизации. Се дружеа со ликовите и од останатите дела на мајсторот на бајките Ханс Христијан Андерсен. Активностите беа по повод родениот ден на писателот, во рамките на меѓународниот проект „Ноќ со Андерсен”.  Учествуваа 20 членови на драмската секција, поделени во пет групи.

– Секоја група доби различна приказна и имаше задача да смисли сценарио, според кое ќе ја претстави бајката со драматизација. Идејата беше да се читаат бајките и да се драматизираат. Од четирите групи се снимија видеа кои можат да се користат како ресурси за настава. А петтата група, со „Јовче будалчето” настапи на завршната вечер од проектот на која учесниците можеа да ги видат снимените видеа. Во проектот се вклучи Леонардо Маркоски кој беше задолжен за камерата и  монтажата. Од голема помош ни беа и: Ивица Велески, Благојче Иваноски, Кристијан Селчанец и Божидар Јованоски. На завршната вечер, драмската секција учествуваше во работилницата „Перспективата на другиот”, во која учениците беа поделени во групи и читаа четири бајки. Задачата беше да се раскажи приказната од перспективата на: Паметниот кројач – во Царевата нова облека, Оловното војниче – во истоимената бајка, Мајката пајка – во Грдото пајче и Јовче будалчето – во истоимената бајка – вели наставникот Јулијана Талеска.

Учествувале Андријана Мирческа, Веселина Јованоска, Филип Крстески, Васе Колароска, Михаела Јанеска, Елена Павлеска, Мила Ристеска,  Леонид Мирчески, Лука Дачески, Александар Мрмески, Никола Илијоски, Димитар Николоски, Климентина Котеска, Лихнида Јорданоска, Јована Стојческа, Теона Стојческа, Сара Нинеска, Евгенија Илијоска, Александра Мирческа и Теа Кокондоска.

Откако завршиле и другите активности, планирани и реализирани од други колеги и ученици, сите заедно заспаа со бајката „Принцезата на зрно грашок”, а утрото насадиле дрво на бајките.

Loading