ПРВИТЕ ТРИ МЕСТА ПО ХЕМИЈА

Гимназија „Мирче Ацев

Prvo vtoro i treto mesto po hemija pod mentorstvo na Manceska

Првото, второто и третото место на Општинскиот натпревар по хемија го освоија гимназијалците. Под менторство на професорката Христина Манческа, се закитија со првите три места, покажувајќи им на врсниците дека им нема рамни по знаењата и експериментите од природната наука. Подеднакво се добри и за темите од органската и неорганската хемија.

На пиедесталот се искачија Ивана Дукоска, Михаела Павлеска и Јана Аџиоска, која го освои третото место. 

Натпреварот се одржа во СОУ “Ѓорче Петров”, на кој учествуваа 6 гимназијалки. Со високи постигнати резултати, трите пласирани ученички стекнаа право на учество на регионалниот натпревар на 22 април.          

Loading