СО ПЛАШИЛОТО ВО ПРОБИШТИП

Vtoro mesto za ucenicite od OU Rampo LevkataОУ „РАМПО ЛЕВКАТА“

Со маската „Плашило за на бостан“, учениците од ОУ „Рампо Левката“ го освоија второто место на карневалот во Пробиштип. По повод 1-ви Април, Денот на шегата, учествуваа на осмиот маскенбал под мотото „Пробиштип со маски”.

Беа дел од дефилето кое започна од пред Домот на културтаа до ракометното игралиште во центарот, каде беа проследени сите перформанси. Беа меѓу гостинските маски од повеќе општини од Македонија, а на “Киндер маскенбалот” на кој учествуваа учениците од I – V одделение, го освоија второто место.

Маската беше прогласена за најдобра детска традиционална маска и на Меѓународниот карневал Прочка во Прилеп. Дека се најдобри и оригинални потврдија и  во Пробиштип. 

Loading