БРОНЗА ВО ВАЛАНДОВО

Гимназијата „Мирче Ацев“ секогаш меѓу најдобрите во ракомет

Bronza za rakometarite

На државното ракометно првенство за средни училишта во Валандово, гимназиската екипа го освои бронзениот медал во силна конкуренција. Предводени од професорот по спорт Даниел Василески, квалитетот на гимназијалците, во кои се вложува континуирано и годинава донесе големо постигнување. Во битката за третото место незапирливи беа Методиј Илиески со 7 и Јане Нешкоски со 11 гола.

– Бев мотивиран за победа. Во реализацијата на головите ми помогнаа Методиј, Евгениј, Давид,… целата екипа. Најмогу се мотивиравме и игравме за нашиот капитен кој не можеше да настапи. Триумфот го посветуваме на Давор, на Гимназијата и сите кои нé поддржуваа до овој голем успех. Екипа предводена од нашиот професор повторно донесе пехар во Прилеп  – изјави Нешкоски.

Јунаците се Бојан Стојаноски, Илчо Ивчески, Кочоски Илчо, Јане Нешкоски, Давид Алексоски, Филип Ристески, Александар Рикалоски, Дино Стојаноски, Евгениј Темелкоски, Давор Шокоски, Методиј Илиески, Стефан Ангелевски, Валентин Златески и Христијан Паноски.

Во минатото на ваквите средношколски натпревари, како ученици, учествувале најголемите ракометни имиња во Македонија како Мојсоски, Борко Ристоски, новата македонска ѕвезда Филип Кузманоски и сл. Спортските клубови ги избираат членовите токму на ваквите спортски настани, на кои „се раѓаат” идните македонски ракометни ѕвезди.

Loading