Македонските тутунопроизводители петтипат го одбележуваат меѓународниот ден на тутунот 28 октомври на плоштадот Александрија. Манифестацијата ја организира Сојузот на здруженија на тутунопроизводители. Покрај претставниците на здруженијата, земјоделци и компаниите поврзани со производството и откупот на тутунот, се очекува и министерот за земјоделство Михаил Цветков.
На штандовите се презентираат сите видови на тутун кои се одгледуваат во земјава и иновациите применети во одгледувањето и преработката на тутунот.
За празникот на тутунопроизводителите, еснафската организација доделува 20 благодарници за остварениот придонес во соработката со одредени институции, организации и поединци.