ТУРЦИ МЕРКААТ ПРОФИТ ВО БИЗНИС ЗОНИТЕ ВО ПЕЛАГОНИЈА

Povolen biznis ambient vo Prilep

Прилеп понуди градежни парцели од типската станбена населба Градина на бизнисмените од Измир, Турција да ги препознаат бизнис интересите, а кои учествуваа на меѓународната конференција за “Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот плански регион. Турските стопанственици ја проверија бизнис климата во земјата со посета и презентација на искуствата на мешовитата англиско македонска компанија Комфи ангел. Тие имаа средба со градоначалникот Марјан Ристески со одделот за локален економски развој и одделението за управување со недвижен имот и се сретнаа со колегите од бизнис секторот.

Конференцијата се организира да се привлечат странски инвеститори во индустриските зони и останатите слободни локации и да се воспостави директна соработка меѓу компаниите од двете земји.

Покрај плацевите за изградба на колективни и индивидуални станбени единици со почетна цена од едно евро за м2, Прилеп претстави 14 парцели за изградба на индустриски објекти во зоната Прилеп 2, и можности за поголеми инвестиции во индустриската зона Алинци. Паралелно се потсети на можноста за користење на бенефити од проектот “Купи куќа за млади” преку продажба на градежни парцели.

На конференција учествуваа 30 компании од Измир, чија цел е проширување на бизнисот и инвестициите во зоните, кои беа дочекани од околу 150 претставници на македонските фирми во Пелагонија.

Loading