МАЈСТОР ЗА МЕЈК АП НА АВИОНИ

Воздухоплов се приземјиво автолимарска работилница во селото Ново Лагово

Лимарофарбарот Самоил Спиркоски вторпат подготвува и шприца летало

Авиошминкањетое комплициран предизвик

1. Sprica i avioni - Samoil SprikoskiПокрај тоа што на удрените или старите автомобили им дава сјај и ги дотерува шасиите небаре се излезени од фабрика како нови, 40 годишниот автолимарски мајстор Самоил Спиркоски им дава блескав колорит и на авионите. Во работилницата во селото Ново Лагово веќе се донесени четирите крилја за комплетно освежување и уметничко дизајнирање со ер браш техника на Кирил Цветкоски за двокрилниот авион на сопственикот Дејан Пеливаноски. Се очекува трупот да “слета”, за обојување. Авионите на делови се “приземјуваат” во хангарот од спортскиот аеродром во Мало Коњари. Сопственикот ги носи деловите на “пистата” во селото со камион.

На Спиркоски од фирмата Сервис Аутомотив не му е сефте да обојува летала. И првиот воздухоплов на Пеливаноски “паднал во неговите раце за шминкање”. Со модерни креации на авио мејк ап, подоцна авионот бил оттуѓен и отпловил за Австралија на делови во контејнер.

– Не ми е деби работната средба со авионите. Сопственикот беше задоволен од првата фарбарска интервенција на неговото прво, ултра лесно летало, па го донесе и вториот авион, откако го продаде првиот – кажува Спиркоски, кој повеќе од 20 години е автолимарофарбарски стручнак.

Според него, огромна е разликата да се подготвува и обојува авион во споредба со автомобилите.

2. Umetnik doteruva letalo - Kiril Cvetkoski– Авионот комплетно ќе се пребојадисува. Му ја менуваме бојата и ќе се работи графички дизајн и ер браш техника, односно ќе се цртаат уметнички слики. Идејата за дизајнерското решение ќе биде како вселена, космос, поради тоа што моделот на авионот се вика Комета. Тематиката ќе биде со галаксии, соѕвездија и една голема комета со “опашка”, во гро план, за да се нагласи моделот на авионот. Идејата ја иницира сопственикот, а ние ја поддржавме и разработивме како да се изведи – објаснува Спиркоски.      

Материјалот е мошне специфичен, затоа ќе употребат најквалитетни авио бои. Триењето на авионот со воздухот во лет го бара најдоброто.

– Основата на леталото е изработена од композитни материјали и карбонско платно. Мек е и не е метал. Лесен е и е потребна внимателност да не се оштети при поголемо притискање или при интервенции со машините за стружење. При допир дава ехо и одѕвонува. Чуден и комплициран е материјалот за работа. Бара концентрација и посебен третман да не се скине платното. Сметнувањето на горниот слој на бојата оди тешко, оти материјалот е подложен на пукање. При работата најважна е претпазливоста.

Se demontira avion za obojuvanjeСега временските прилики се погодни, оти станува збор за авион што е подложен на големи брзини, височина, температурни разлики и различни временски влијанија. Леталото издржува силен притисок и отпор на воздухот. Бидејќи површините се огромни, интервенцијата се прави со полно внимание. Тоа одзема далеку повеќе време за работа во споредба со металот на автомобилите. Боите мора да бидат многу добро врзани за подлогата, оти крилјата вибрираат. Ќе употребиме најквалитетни и најскапи авио бои кои се еластични. На крајот ќе се лакира за да добие уште поголем сјај. Ќе се работи три-четири недели, етапно, бидејќи има многу детали – прецизира Спиркоски, кој додава дека ентериерот на авионот ќе се реновирал во тунинг работилница  во Струмица.

Мајсторот за автомобили вели дека силен предизвик му било да обојува авион и затоа ја прифатил понудата. Верува дека последната интервенција на спортската верзија на Комета нема да му биде последно искуство.

Loading