ТУТУНОТ ОСТАНУВА НА НИВИТЕ СО ЕДНО ЕВРО СУБВЕНЦИИ

Се отстрануваат техничките проблеми за пласман на тутун во Кина

Tutunot go merkaat i Kinezite -  Risteski so ministerot CvetkovТутунарот Муса Топалоски од селото Дебреште е задоволен од годинешниот квалитет на тутунот. Особено е добредојдена веќе воспоставената традиција на државна поддршка преку субвенции од по 60 денари за килограм.

На манифестацијата Ден на тутунот, тој рече дека е заговорник за субвенционирање на квалитетот, а државната поддршка да не биде иста и за првата и за последната класа на тутунот.

– Годинава квалитетот е висок. Солиден е и квантитетот. Со пет-шест тони тутун, колку што произведуваме со семејството, се вади пристојна егзистенција. Добро би било да се стимулира квалитетот, односно субвенциите да се одредуваат според класите – вели Топалоски.

Данчо Милески, лидерот на прилепските тутунари, очекува три-четири компании да ги задоволат најбрзо законските услови за откуп на родот.

– Се надевам дека неколку откупувачи ќе обезбедат заверени мостри, ваги и сите други услови предвидени со законот до 15 ноември и најдоцна до 20 ноември да ги отворат вратите на откупните пунктови – проценува Милески.

Министерот за земјоделство, Михаил Цветков, обелодени дека не стивнуваат напорите македонскиот тутун да стигне до кинескиот пазар.

– Има некои технички проблеми. Се надеваме дека ќе успееме да ги исполниме сите барања на Кинезите за пласман на нашиот тутун на огромниот пазар. Некои претпријатија ќе можат да ги исполнат условите со количествата од годинешната берба. Со зголемувањето на побарувачката, ќе расте откупната цена. Во однос на интенциите на Светската здравствена организација за редукција на производството, категоричен сум дека сме против намалувањето на површините под тутун и се залагаме да се произведува оваа култура што е живот на 28500 семејства или околу 150 илјади граѓани. Затоа државата плаќа 25 милиони евра за субвенционирање на тутунопроизводството, што е една четвртина од вкупната поддршка на земјоделството – рече Цветков.

Производството на тутун годинава, според министерот Цветков, се очекува да тежи околу 25 илјади тони, а според Милески околу 22 илјади тони.

Loading