НА ВРВОТ НА БИЗНИСОТ ВО ЕВРОПА

Прилепска Пиварница прогласена за Национален шампион на Европските бизнис награди за 2014/15

Menadzment so vizija -Saso SamardzioskiПрилепска пиварница од Македонија е прогласена за Национален шампион на Европските бизнис награди спонзорирани од RSM International, што претставува престижен натпревар, поддржан од бизнис лидерите, академски личности, медиуми и политички претставници од цела Европа. Европските бизнис награди коишто се спроведуваат по осми пат, годинава вклучуваат учество на над 24 илјади бизниси од 33 европски земји од кои 709 компании од цела Европа беа прогласени за национални шампиони и со тоа влегоа во втората фаза на ова натпреварување.

Прилепска пиварница веќе 90 години успешно опстојува на пазарот во Македонија и се покажа како вистински лидер во полето на иновациите, етичкиот пристап и финансискиот успех последниве години. Компанијата постојано инвестира во модернизација на производството што резултираше со зголемен обем на продажба и освојување на поголем пазарен удел.

– Ние сме многу горди што сме одбрани да ја претставуваме Македонија како национален шампион. Европските бизнис награди се широко признаени како пример за европските најдинамични компании и со нетрпение ја очекуваме втората фаза на одлучувачкиот процес каде треба подетално да објасниме како го постигнуваме бизнис успехот – изјави генералниот менаџер на Прилепската пиварница, Сашко Самарџиоски.

– Ü честитаме на Прилепска пиварница за големото достигнување и í посакуваме среќа во следната фаза. Европските бизниси одат од силни кон посилни, инспирирајќи ги бизнисите за постигнување на поголем успех и помагајќи им да ја подобрат нивната конкурентна моќ пред компаниите во Европа – вели Адриан Трип, главниот извршен директор на Европските бизнис награди.

Kontinuitet-na-vlozuvanjata---vo-PivarnicataСпоред Жан Стивенс, главен извршен директор на RSM International, секоја година ова натпреварување станува сé посилно и сé повеќе натпреварувачко, бидејќи сé поголем број на компании, со различна големина и од сите сектори се решаваат да се натпреваруваат меѓу себе.

– Со зголемениот број на компании, оваа година очигледно е најтешката за доделување на награди. Ќе биде доста возбудливо да се следи следната рунда – вели Жан Стивенс.

Панел на судии формирани од европски бизнис лидери, академици и претприемачи ќе ги гледаат видеата за националните шампиони и ќе ги наградат најдобрите во групата со Ruband’Honneur’ наградата. Сите добитници на Ruband’Honneur’ подоцна се натпреваруваат во големото финале во 2015 година. Сите национални шампиони ќе учествуваат во јавното гласање за прогласување на “Шампиони на јавност” во секоја земја.

Лани, 93 илјади лица гласаа и повеќе од 400 илјади луѓе ја посетија страницата на Европските бизнис награди за време на натпреварот.

Поддржани од главниот спонзор и промотор RSM International, што претставува седма по големина во светот компанија со развиена мрежа на компании за ревизија, даноци и совети, со големо учество во Европа, европските бизнис награди се поставени да ги препознаат и наградат супериорноста, најдобрата практика и иновациите во бизнис заедницата во Европа. 

Loading