ИГРАЛИШТЕ ЗА СИТЕ ДЕЦА

Зад Участакот

Zabaven park za decata so posebni potrebiПо Скопје, Кавадарци и Струмица, и Прилеп доби инклузивно игралиште. Зад Участокот на 180 м2 поставени се детски реквизити наменети за децата со посебни потреби, а остатокот од просторот од 500 м2 ќе се пополни со дополнителни содржини. Финансиските средства за набавка на реквизитите се 730.000 денари. Ги обезбеди Полската амбасада во Македонија, а Општина Прилеп го подготви игралиштето со поставување на гумена подлога. Во реализацијата учествуваше и Министерството за труд и социјална политика и  Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија.

Децата од дневниот центар први ги сефтосаа новите играчки за забава, а на свеченото пуштање во употреба на инклузивното игралиште присуствуваа градоначалникот Марјан Ристески, амбасадорот на Полска, Јацек Мултановски и заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими.  

Loading