Пчела

Пчеличке една, многу си вредна.

Преку цел ден ти леташ.

Од цвет до цвет се шеташ,

цветните прашини ти ги мешаш.

 

Овошја разни да се родат,

луѓето од нив за да јадат.

Разни сокови да си прават,

овошни зимници да си стават.

 

Со  цветни прашини се товараш,

во пчеларникот се растовараш.

Мајсторите нив ги обработуваат,

квалитетен мед од нив преработуваат.

 

Ние трендафилите, ве каниме кај вас,

гостинка да бидете кај нас.

Цветен прав ќе ви подариме,

од него мед да направиме.

 

Не сакам гостинка ваша да бидам,

иглите ваши, кога ќе ги видам.

Срце ме боли, затворам очи,

телото мое сето се кочи.

 

Медот е многу корисна храна,

разни болести тој ги лечи.

Преку одредена мера ако се зема,

за жедта, многу вода ќе треба.

 

Автор:

Томе Велјаноски – Марулецо

Гетеборг, Шведска

Loading