На 38. меѓуопштински натпревар од Народна Техника на млади техничари и природници, ОУ “Блаже Конески” испратило осум ученици и сите се вратиле со награди. Менторите, наставници по техничко образование, Бранко Бабаноски и Петар Андоноски, направиле вистински избор за одбрана на училишните бои.
Добрата теоретска поткованост и креативноста на учениците им донело награди и престиж на училиштето. Најдобри во автоматика, фото техника, ракетно моделарство, агротехника, роботика и воздухопловно моделарство биле Давид Лазароски, Христијан Николоски, Виктор Лазароски, Елеонора Мојсоска, Андреј Трајкоски и Владимир Лазароски.
Зад нив, со освоено второ место биле Андреа Илиоска по екологија и Христијан Мирчески во градежништво и архитектура.
Првонаградените учествувале на државниот натпревар, каде првото место било загарантирано за Давид Лазароски по автоматика, а Виктор Лазароски се вратил со сребро по ракетно моделарство.