ЕКОНОМСКИ ЛИНГВИСТИ

,,Germanski,, ekonomisti“Sprechen Sie Deutsch? -Ja, sehr gut!”. Ова ќе го кажат учениците од втора година во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, Марија Мирческа и Филип Петрески, кои учествуваа на регионалниот натпревар по германски јазик во битолската гимназија. Марија го освоила четвртото место, а Филип шестото, во конкуренција на средношколци од Прилеп, Битола и Кавадарци.

Двајцата економисти, интересот кон германскиот јазик го негуваат од основно училиште, а нивната идеја – водилка е да го говорат јазикот на ниво со кое би можеле без проблеми да престојуваат во Германија или да студираат во државите од германското говорно подрачје.

– Германскиот јазик е во групата на јазици за кои треба поголемо ангажирање. Како секој странски јазик, и германскиот е средство за разбирање на културата, традицијата и посебноста на народот којшто го говори – вели професорката по германски јазик, Мануела Котеска.

Учениците вложуваат многу труд. Очекуваат тоа да им помогне во остварувањето на животниот идеал. Учеството на натпревар е елан за усовршување на знаењата во германскиот јазик. Тоа е и порака за сите ученици да се надградуваат и чекор по чекор да итаат кон своите соништа.       

Loading