ГИМНАЗИЈАТА СE ПОАТРАКТИВНА

Од годинава Гимназијата “Мирче Ацев” ќе го заслужи античкиот назив гимназиум, односно, место каде спортските надежи професионално ќе се “калат” за неколку дисциплини. Амбициозниот проект “Спортска академија”, ќе биде Мека за изучување и перфектирање на вештините во ракомет, фудбал, кошарка и тенис. Гимназијата располага со капацитети за сите дисциплини, па со квалификуван кадар, од мали нозе ќе се произведуваат следните генерации национални репрезентативци.

Loading