ВИРТУЕЛНИ СЕГА, РЕАЛНИ ПОДОЦНА

Virtuelni kompanii pod vedro neboТрадиционално, по шестипат, СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, организираше саем на виртуелни компании. Арт плоштадот вриеше од штандови, на кои креативните ученици од девет средни училишта од градов и три гостински од Гостивар, ги нудеа производите. Продавачи и маркетинг агенти имаше од струката економски и трговски техничар. Сî се одвиваше со виртуелни пасоши, кои купувачите ги подигаа, а во нив запишуваа од која компанија купиле нешто. На крајот, сите управители на компаниите добија сертификати.

Манифестација е добра шанса, учениците да се запознаат “од прва рака” со практичната настава. Таа е алка во развојот на идните економисти и трговци меѓу потрошувачот и добавителот. Поентата е подобро сфаќање на пазарот, во кој муштеријата секогаш го има последниот збор, а неговите желби мора да се исполнат да се успее во сé побујниот пазарен систем.

АНКЕТА ЗА ПИВО ФЕСТ

Градоначалникот Марјан Ристески во  СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” се информира за енергетската ефикасност и заштита на животната средина во училштето, кое конкурира на третиот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција каде е избрано и ова СОУ.  

Во разговорот со учениците Ристески на шега направил мини-анкета за потенцијални гости на Пиво Фестот 2014, зашто секогаш се води од желбите на граѓаните. На учениците им порачал да го контактираат со предлози преку е-маил или телефон. Учениците брзо направиле предлог да ги видат Тијана, Владо Јанески и мега популарните Серебро… Така и учениците ја креираа музичката програма за спектакуларното издание на Пиво Фестот.

Loading