БРОНЗА И СРЕБРО ЗА МАТЕМАТИКА

Двајца гимназијалци

Odlicja za povisok rangУчениците од гимназијата, Марко Марковски и Стефан Николоски, од државното првенство по математика се вратиле со освоено трето место. Тестирањето било во машинскиот факултет во Скопје меѓу 200 учесници од прва до четврта година. Марко, под менторство на проф. Афродита Стефаноска, ја освоил бронзата за категоријата за втора година, а Стефан, под менторот Антонија Гическа – Петкоска, за трета.             Вложениот труд надвор од наставата и решените факултетски задачи се исплатиле по три часовното натпреварување. Со освоените трети места, Марко и Стефан се квалификувале за математичката Олимпијада. Таму, во конкуренција од 43 средношколци, цели четири и пол часа ги решавале тешките задачи. Стефан Николоски освоил сребрен медал и стана дел од македонската репрезентација за математичката Балканијада, која ќе се одржи во Бугарија.   

Loading