ДОНЕР ПОД СААТ

Истанбул донер баклава Илај Ас

Turska gastronomija v carsijaГурманите на вкусен залак, отсега во срцето на Прилеп може да се насладуваат на сочното печено месо и салата во лепче, односно лепиња познато како донер кебап. Сопствениците Осман Ај и Кемал Јуксен од Турција, го почувствувале ритамот на градот и на околните населени места и им понудиле вкусен оброк по турски рецепт во ресторанот наречен “Истанбул донер баклава Илај Ас”. Сочното месо, сечкано од вертикалниот ражен кој се врти, со разни додатоци и сосови, сега е на тацна за прилепчани. Порцијата направени од месо или турското “гиро” го подготвуваат докажани готвачи од Истокот. Гостопримството на прилепчани, љубезноста и искрениот долгогодишен соживот со почитувањето на сите вери и националности, биле магнетот што турските бизнисмени ги привлекло да инвестираат под Саат, во градот под Марковите кули, именувајќи го ресторанот со името Истанбул, кој како голем град, асоцира на бизнис, град за многу луѓе, убав град. Прошетале низ Балканот, имаат отворено ресторан во Романија. Дошле во Македонија и најдобро место за бизнис им се видел Прилеп, каде откриле дека има многу добар народ. А иницијатор за отворање на ресторанот бил ортакот Осман Али.

Piti od furna– Атмосферата меѓу муслиманите и христијаните е многу добра и мило ми е за тоа. Затоа решивме Прилеп да биде место за ваков ресторан. Во моето срце има еднакво место и ги сакам сите националности и вери и не ги делам. За пет дена што работиме, забележав дека сите националности го сакаат нашиот асортиман, доаѓаат како гости каде ги послужуваме со нашата турска храна. Ја избравме, зашто ја има секаде во светот како специјална турска кујна, и во Италија и во Романија, и сакаме народот што ќе оди надвор да се чувствува како во Македонија. Мислам дека потеклото на Искендер донерот е од овде, но не сум сигурен – вели Кемал Јуксен, еден од сопствениците.

Служат специјална турска храна, традиционална која ја јадат и муслимани и христијани. Со лепчето, на кое се става пилешко или телешко месо, одозгора сос, салата и домати, се служи настрана и кисело млеко. Прават и пити со мелено месо, со кашкавал, со зеленчук или мешано. Во менито им се и десертите, односно слатки специјалитети како баклава со орев или ф’стаци, кадаиф, шеќерпаре и ќеманпаша.

Socno telesko na  razen– Работат четворица готвачи од Турција, од кои двајца се баклаваџии, еден бурекџија и еден мајстор за печење во фурната. Сите се со долгогодишно искуство и сега тоа го пренесуваат тука. Гостите добиваат квалитена турска храна, подготвена на специјален начин и во хигиенски услови по пристапни цени – вели Јуксен.

Вложиле доста, претворајќи го објектот во старата чаршија во современ простор, во кој се трудат мајсторите да приготват најдобро јадење и да им го понудат на гостите. За почеток направиле од сî по нешто, да проценат што се бара. Може да се купи и во кутија за дома. Нудат ајран и прилепски безалкохолни пијалоци. Не служат алкохол. Алкохолот го одвлекува вниманието од вкусот на јадењето. Работат секој ден од 8 до 24 часот, освен недела. Задоволни се и многу се благодарни од стартот на бизнисот. Артиклите што ги користат во кујната се од македонски производители. Наскоро ќе служат чај и кафе. 

Loading