ВИДЕО ЗА РАСТ НА ЕКОЛОШКАТА СВЕСТ

Akteri za pottiknuvanje na eko svestaЕко секцијата при СОУ “Ѓорче Петров” под менторство на професорката Снежана Переска, на креативен и интересен начин промовираат повисока свест за животната средина. Изработија видео кај паркот до Судот, каде со сторија, низ нарација, сликовито е прикажано несовесното однесување на младите со расфрлање на отпадоци. Распашаноста на учениците не ја запира ни Бетмен, ни Супермен, ниту другите стрип јунаци. На крајот се појавува главниот лик во видео – приказната, Еко – мен, чуварот на еколошко чистата средина. Тој, со зелена наметка и маска на лицето, користејќи свирче, ги поучува младите да го соберат ѓубрето оставено зад нив. Видеото има хепи енд, при што на учениците им се враќа еко совеста и го враќаат мирот и спокојството во паркот.

Loading