ОТКРИВАЊЕ НА ШПИЦ

Fudbalski tanc - Viktor Filipovski - OU ,, B. KoneskiВиктор Филиповски учи во трето одделение при ОУ “Блаже Конески”. Учествувал на успешниот втор скаутинг тренинг камп, организиран од Спорт Арена во Македонија. Филиповски, од фудбалската школа “Тони”, дал над 10 гола на контролните мечеви. Иако скаутингот одамна завршил, импресиите на учесниците уште се пренесуваат низ фудбалските кулоари и социјалните мрежи.

Муабетот е за голгетерот Виктор, кој на терените на Работнички против 106 фудбалери се истакнал со махерството во дриблање и прецизно шутирање. Филиповски вели дека, иако тренинзите биле напорни, не се пожалил на интензитетот, туку напротив, напорот се претворил во задоволство.

Loading