ЕКО ПРОЕКТ ВО СОУ “РИСТЕ РИСТЕСКИ – РИЧКО”

Hartija e pari“Рециклирам значи постојам”, е еколошка акција за собирање и рециклирање на стара и непотребна хартија, организирана од учениците од графичката насока при СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, ЈКП “Комуналец”, локалната самоуправа и Ротари клубот “Прилеп”.

– Акцијата треба да прерасне во традиционална, која се спроведува од 15. април и ќе трае до 22. април. Поентата е да го одбележиме 22. април, Денот на Платената Земја. За разлика од претходната година, кога акција се спроведе само во основните и средните училишта во градов, годинава се придружија сите јавни установи, повеќе приватни претпријатија и сите добронамерници кои ја разбираат тежината на нашиот слоган “Рециклирам значи постојам”. Комуналец обезбеди специјални контејнери за хартија, со сина боја поставени на соодветни пунктови – велат од училиштето.

Идеата потекнала случајно при одбрана на проект – задача која се однесувала за “Изработка на хартија и картон”, а во еден дел се говорело за значењето на рециклирањето. Акцијата е поткрепена со лого, слоган и постер.

Loading