ДРЖАВЕН ПРВАК ЗА КРЕАЦИЈА СО РОЗИ

Nagrada za inventivnost  i eko svestВо склоп на кампањата “Македонија земја на розите”, беше распишан и конкурс од Министерството за животна средина, со помош на фирмата за рециклирање Пакомак, за најдобра изработка на дело со тематика рози, која ја освоил ученикот Иван Кузманоски. Во голема конкуренција од сите основни училишта од цела Македонија, тој бил прв во групата до трето одделение. Второодделенецот од ОУ “Гоце Делчев”, под менторство на наставничката Даниела Котеска изработил креација, наречена  “Рози од хартија”, во која се потрудил да користи рециклирани материјали или материјали лесни за рециклажа. Така, со кутија од чевли, парчиња од влошки за јајца, и вештачка трева, во убаво залепена рамка со рачно бојадисани рози од картон, го изненадил жирито и ја добил првата награда, таблет и енциклопедијата “2500 факти”.

ОУ “Гоце Делчев” било пофалено од Министерството зашто најмасовно учествувало, а и изработките биле квалитетни. Идеите најчесто ги црпеле од интернет и се внимавало на еколошкиот аспект на креациите.

Иван е радосен што постигнал успех на толку високо рамниште, а долго ќе го памети и врачувањето на наградата од државниот секретар на Министерството, Соња Лепиткова.

Loading