ДРЖАВНО ЗЛАТО ЗА ОДБОЈКА

Ja smeciraa cela zemja - OU ,,Koco Racin,,Машката екипа одбојкари од ОУ “Кочо Рацин”, поминала низ три “сита и решета” за на крајот да го освојат првото место. На натпреварите, организирани од Сојузот на училишни спортови, биле први на општинско ниво и први на регионално ниво, без ниту еден загубен сет. На државното првенство училиштето било домаќин, и играле прво по лига систем, а после плеј – оф. Поразиле две скопски екипи, и по една од Штип, Пробиштип и Битола. Во 11. члената екипа осмоодделенци има ученици кои тренираат кошарка, фудбал, ракомет и само еден “професионален” одбојкар. Но, покрај талентот, правилата и надградбата на знаењето на оваа спортска дисциплина, учениците ги стекнале на часовите за физичко воспитание. Целата екипа била пожртвувана во секој натпревар, а изгубиле само еден сет во финалето. За најуспешен одбојкар на првенството бил избран Филип Сотироски.    

Loading