СРЕБРО ЗА ПРОГРАМЕРОТ

Tata-mata za informatika - Stefan NikoloskiГимназијалецот Стефан Николоски, на државниот натпревар по информатика – програмирање, го освоил второто место. За среброто од натпреварот, Николоски, со афинитетот и дополнителниот “тренинг”, ги совладал скоро сите 80 учесници од 45 приватни и државни средни училишта од Македонија.

Менторката, Анкица Стефаноска – Јанческа, вели дека иако е трета година го одбрала Стефан за натпреварот каде доминираат матуранти. Тој и лани ја демонстрирал исклучителната дарба.

– Постојано го следев интересот за математика и информатика, науки кои се тесно поврзани. Нема добар информатичар, ако не е добар математичар. На Стефан одлично му одат двата предмети. Доказ е тоа што лани, на истото првенство го освои третото место. Со ова темпо, в година одиме на прво – вели Стефаноска.

Натпреварот се состоел од пет задачи кои требало да се решат за три часа. Меѓутоа, разликата меѓу математичките и информатичките задачи била, не само да се најде решение, туку да се најде оптимално решение за проблемот.

Стефан е парично стимулиран со 4000 денари и стручна книга. Со досегашните успеси може да аплицира за ученичка стипендија и поволност при запишување на факултет.      

Loading