ИНСПИРАЦИЈА – СОВЕТИТЕ ОД НАСТАВНИЧКАТА

– Најпрво измислував песни, па дури потоа научив да ги пишувам сам – вели Михаил Крстески.

Lee stihovi kako reka - Mihail Krsteski od ,,K.G. Jane,,Верувајте му дека е така. Можат да потврдат сите негови другарчиња од 3-4 одделение од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Михаил умее и обожува да пишува песни. Неговите стихови се прочитани на сите литературни читања организирани од училиштата. Пишува за детството, за старата чаршија, за својот град. Вели дека најлесно умее да напише песна благодарение на неговата наставничка Сања Конеска. Нејзините совети му се најголемата инспирација.

– Таа нî учи како да бидеме добри, вредни, како да учиме подобро, а јас ќе напишам песна. Тоа е многу убаво и се чуствувам среќен кога и на другарчињата ќе им се допадне. Еве, сега учевме за здравата храна и јас напишав песна, која веќе ја знае и целото одделение – вели Михаил.

Планира да стане пилот кога ќе порасне. Нема да се откаже од песните, зашто е сигурен дека таму горе над облаците е толку убаво што само преку песна ќе може се да се раскаже.

 

Здрава храна

Здрава храна, научете еднаш сите.

Па кажете на баба, дедо, тато и мама,

што се вари, а од што салата се прави.

Запомнете, најдобра е свежата храна.

И сега повторете во еден глас,

здрава храна треба за сите нас.

 

Михаил Крстески

III – 4 одделение ОУ „Кире Гаврилоски – Јане”

Loading